Кога главоболката е симптом на тумор?

Главоболките се вообичаена непријатност, но некои од нив може да бидат знак за посериозни здравствени проблеми коишто никогаш не треба да ги игнорирате. Британскиот невролог, д-р Стивен Алдер, имено, истакнува дека понекогаш главоболката е симптом на тумор во мозокот, и таа се јавува кај 50 до 60 отсто од пациентите.
– Туморите може да заземат простор во черепот, предизвикувајќи оток или блокирање на протокот на цереброспиналната течност, што доведува до зголемен притисок врз мозокот. Покрај тоа, туморите можат да ги притиснат или истегнат чувствителните ткива, на пр. крвните садови или нервите, предизвикувајќи болка, појасни лекарот.
Механизмите со коишто туморот предизвикува главоболки вклучуваат зголемен интракранијален притисок, директна иритација и промени во протокот на крв. Главоболките поврзани со тумор на мозокот имаат различни одлики што прават тие да се разликуваат. Следат пет признаци:
Постојани главоболки што само се влошуваат
За разлика од типичните главоболки од напнатост или мигрена, д-р Алдер, инаку предавач по биомедицински науки на Универзитетот на Централен Ланкашир, вели оти главоболките од тумор на мозокот имаат тенденција да се влошуваат со текот на времето. Оваа прогресија може да вклучува зголемување на интензитетот, зачестеноста или времетраењето на болката.
Утрински главоболки
Долгото лежење, се вели, може да го зголеми притисокот во мозокот. Тоа значи дека луѓето кои страдаат од тумор на мозокот може почесто да имаат главоболки наутро, по будењето, без оглед дали се наспани.
Болка во една област
Главоболката во одреден дел од главата – може да укажува и на местото на туморот, поради притисок на мозокот или блокирана течност.
Отпорност кон вообичаеното ослободување од главоболките
За разлика од типичните главоболки, оние коишто се поврзани со тумори на мозокот честопати не реагираат добро на лекови против болки што се издаваат без рецепт, како што се „Парацетамол“, „Ибупрофен“ или „Аспирин“. Ова сознание може да биде клучен знак за предупредување.
Други симптоми
Главоболките од тумор на мозокот често се придружени со други симптоми коишто укажуваат на зголемен притисок во черепот или врз мозокот. Ова може да вклучува гадење и повраќање, заматен или двоен вид, напади на паника, мускулна слабост или вкочанетост.
Кога да побарате помош?
Доктор Алдер наведува дека ако главоболките се повторуваат и се разликуваат од вообичаените главоболки, важно е да се консултирате со лекар-специјалист. Треба да се испитаат оние главоболки придружени со невролошки симптоми, како што се вкочанетост, слабост или тешкотии во говорот. Тешките главоболки коишто не реагираат на вообичаените лекови – стручњакот вели оти и за нив треба медицинска помош.
Ново на Сител
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
-

Мицкоски: Граѓаните на Брвеница да гласаат за проект повеќе и подобар живот, а не за етнички поделби
-

Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
-

72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
-

Двајца малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж во Тетово, едниот го повредил со остар предмет
-

Брнабиќ ја повика Студентската листа што поскоро да формира власт
-

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
