Балкан
6. November 2017 - 16:10

Кога би можел да го вратам времето... Тони Цетински се огласи со потресна порака после трагедијата

Тони Цетински минатиот петок со автомобил прегази пешак на улицата во Ровиљ. Тој го прегазил човекот за кого се мисли дека лежел на улицата . Цетински не го видел , зашто имало остра кривина и кога почуствувал дека тркалата се заглавени , било предоцна .
 
Човекот , кој се занимавал со собирање и продавање шишиња бил татко на две болни деца . 
 
Хрватскиот пејач, кој изрази сочуство до семејството рекол дека не е одговорен за овој несреќен случај, а со потресна порака се огласи на Фејсбук.