

Во текот на посетата на градот Тупело, местото на раѓање на Елвис Присли, претседателот на САД го сврте вниманието кон себе, споредувајќи се со легендата на рокенролот.
„Освен што имав руса коса, додека растев сите ми говореа дека изгледам како Елвис.. Можете ли да поверувате? Секогаш тоа го сметав како голем комплимент“, рече Трамп.
Корисниците на Твитер едвај ја дочекаа таа негова изјава, а духовити коментари и фотографии само се редеа.