Коѕијас: На Албанија не и отстапуваме ниту педа земја
Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас ги офрли обвинувањата на домашните медиуми дека неговата земја и отстапува дел од свјата територија на Албанија.
Тој посочи дека иформациите дека Грција отстапува дел од својата територија се лажни, отсечно додавајќи дека „Грција нема да и отстапи на Албанија ни педа земја“,што дел од медиумите ја оценуваат како добра вест за Грците.
- Прочитав некои факти кои не постојат, а за кои ме обвинуваат. Од една страна ме обвнуваат дека не сум свесен за она што се случува во овие процедури, но од друга страна ме обвинуваат за подршка на истите, изјави Коѕијас, јави порталот „Албеу“.
Дообјаснува дека, во врска со морската гранца со албанската страна, се во фаза албанскот претседател Илир Мета да ја авторизира преговарчката група на Министерството за надворешни работи на Албанија, која ќе преговара со грчката.
Во меѓувреме во Албанија не стивнуваат обвинувањата на адреса на премиерот Еди Рама и шефот на дипломатијата Дитмир Бушати ,дека веќе и отстапиле на Грција 12 милји од Јонско Море, богато со нафта и гас
Ново на Сител
-
Поскапуваат бензините и дизелот
-
Германија пријави нелегални летови со дронови над воената база
-
За една година патувањето со авион во Грција поскапо за 47,7 отсто
-
Иниго Мартинез се повреди во финалето на Суперкупот
-
Три затворски, една условна и една ослободителна пресуда за уништувањето на опремата за прислушување
-
Забрана за движење на камиони на планинскиот превој Плетвар
-
УЈП: Извршени 696 контроли согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања во декември 2024
-
Зголемен бројот на странски туристи