Кочани се вклучи во регионален проект за промоција на родово одговорни политики
Општина Кочани потпиша меморандум за разбирање со што се вклучи во регионалниот проект на UN Women за промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа и Република Молдавија, што се спроведува со финансиска поддршка од Австриската развојна агенција и Швајцарската агенција за развој и соработка во периодот од 2017 до 2018 година.
Проектот има за цел да ги зајакне општинските капацитети и механизми за имплементација на локалните и националните стратешки документи во областа на родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање.
Со проектот ќе се зајакнуваат капацитетите на општинската администрација и на Советот на Општина Кочани за креирање родово одговорни политики и унапредување на родовата еднаквост. Се очекува реализација на обуки, работилници и менторска програма и изработка на локална стратегија за унапредување на родовата еднаквост, со специфични мерки и буџетски алокации за нејзино спроведување.
Компонентата од проектот „Промоција на родово одговорни политики“, што се фокусира на пилотирање на родово одговорно буџетирање на локално ниво, се реализира од 2014 година во десет општини на Македонија. Во тековната фаза на проектот ќе се вклучат уште десет нови општини.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза