Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
Уште седум полициски службеници ќе бидат приведени во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва изјави дека има издадено наредба за приведување на нови седум полициски службеници кои во текот на утрешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
-Во моментот ми јавија дека има судска наредба за приведување на нови седум полициски службеници и во моментот трае нивното приведување. Во текот на утрешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, рече Коцевски во интервју за телевизија Телма, не сакајќи да изнесува повеќе детали во интерес на истрагата.
Државниот јавен обвинител не ја исклучи можноста да бидат приведени и други полициски службеници до завршување на истрагата.
Претходно, беше поведена истрага за седум полициски службеници.
Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 61 лице, а 193 беа повредени.
Ново на Сител
-
Матарела во велигденската порака: Велигден нека биде поттик за дијалог, единство и утеха
-
Министерство за одбрана на Русија: Украинските сили го прекршија велигденското примирје
-
Сеул и Вашингтон идната недела ќе разговараат за трговските царини воведени од Трамп
-
Митрополит Петар: Велигден е живо присуство на Божјата сила која секогаш е со нас
-
Четворица фудбалери на ФК Гостивар приведенни за напад на полицајци по мечот со Струга
-
Пукање пред хотел во Берлин, едно лице е повредено
-
Со украден автомобил возел под дејство на алкохол, па излетал од патот - приведен неготинец
-
Возел под дејство на алкохол, приведен кавадарчанец