Македонија
13. јуни 2025 - 8:36

Коцевски и обвинителскиот тим ќе информираат за досегашната постапка и донесената одлука за пожарот во „Пулс"

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и обвинителскиот тим кој ја води истрагата на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во клубот „Пулс", денеска ќе одржат прес -конференција за досегашната постапка во овој предмет и донесената јавнообвинителска одлука. 

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи ноќта на 16 март, загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.