Коцевски апелира до ЕВН да помогне во потрагата по исчезнатото лице во велешко Белештевица
Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски денеска на прес-конференција ја повика компанијата ЕВН како општествено одговорна компанија да помогне во потрагата а и финансиски на семејството на настраданиот Спасе Димовски кој во надојдените води на потокот кај велешко Белештевица исчезна во четвртокот попладне помагајќи на екипи на ЕВН кои биле заглавени во кал, а кои тој ги извлекувал со својот трактор.
Тој потенцира дека Димовски настрадал токму при пружање помош со својот трактор на екипи на ЕВН:Информира дека во два наврата до нив веќе се обратил преку медиумите, а најави дека утре и писмено вакво барање ќе упати до дирекцијата на компанијата ЕВН во Скопје.
-Спасе Димовски откако им помогнал на екипите на ЕВН влеглв со нив во колата да се вратат во Велес каде живеел, но кога излегувале од нивното возило излегол и тој, но според кажувањата на очевидци тој се фатил за некоја гранка која се скршила и поплавниот бран го однел, појасни Коцевски.
Апелира до граѓаните да не шират разни шпекулации, како онаа од вчера дека е најден жив или денешната шпекулација дека е пронајдено неговото тело некаде во Вардар кај Шорка во Велес.Тој потенцира дека според информацијата на СВР Велес до кои се обратил нема официјална информација дека телото на исчезнатиот Спасе Димовски е најдено.
-Ги замолувам граѓаните да не шират шпекулации во вакви тешки моменти за семејството на исчезнатиот, потенцира Коцевски.
Воедно најави дека Општина Велес во овие тешки моменти на семејството на исчезнатит согласно законот ќе му пружи финансиска помош на семејството на настраданиот..
Коцевски информира дека по претходни контакти на семејството на настраданиот Димовски со специјални единици на Армијата тој испратил писмо до Генералштабот на Армијата и до Министерството за одбрана, со цел да одобрат ангажман на специјалните единици за потрага во вакви случаи за побрзо да се пронајде телото на настраданиот.
Настанатот се случи на 6 август, а бил пријавен во СВР Велес во 14,47 минути.во село Белештевица велешко во место викано „Лавчани“ кога 51- годишниот Спасе Димовски во обид со трактор да им помогне на екипа на ЕВН која била со возило бил однесено од надојдената вода.
Ново на Сител
-
Божиновска за ветерниот парк кај Штип: Силен сигнал за стабилни инвестиции и зелена транзиција
-
Медиуми: Франција и Италија одбиваат да купуваат американско оружје за Украина преку НАТО
-
ОЈО Битола постапува во случајот со примање поткуп во Болницата во Битола, повеќе детали се најавуваат за утре
-
Пожар од прскалка на роденденска забава во Свети Николе
-
Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага
-
Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена
-
ЦУК: Активни три пожари, еден под контрола и еден изгаснат
-
FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија