ФФМ најостро ги демантира објавените лаги и манипулации на новинарот Фуркан Салиу

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најостро ги демантира изнесените наводи во јавноста од страна на новинарот Фуркан Салиу поврзани со натпреварите Вардар – Башкими и Шкендија Арачиново – Преспа.
Ниту ФФМ, уште помалку претседателот Масар Омерагиќ, побарале, ниту дале било каква наредба за отстранување на албански знамиња на натпреварот Шкендија А. – Преспа.
Таквите тврдења се целосно неточни и претставуваат груба манипулација со јавноста, со јасна намера да се создаде непостоечка политичка позадина таму каде што ја нема.
Во однос на обвинувањата за наводна употреба на сила од страна на полицијата на натпреварот Вардар – Башкими, категорично ги отфрламе истите.
Напротив, припадниците на Министерство за внатрешни работи на Македонија (МВР), најпрофесионално и исклучително коректно ја извршуваа својата работа, дури и во моменти кога беа вербално и физички нападнати од лица од раководните структури на клубот од Куманово.
Обидите тоа да се претстави како „употреба на сила“ се тенденциозни и злонамерни.
Не е јасно од кои причини Фуркан Салиу со невистини и манипулативни конструкции се обидува да наметне наратив кој единствено создава омраза и поделби.
Свесното извртување на факти и пласирањето на ноторни лаги не е новинарство, туку опасна игра со јавноста.
Новинарството не подразбира сензационализам по секоја цена, ниту собирање политички поени преку фудбалот. Тоа значи одговорност, проверка на факти и професионален пристап, нешто што во овој случај очигледно изостанува.
Доколку има било какви нејаснотии, вратите на ФФМ се отворени за увид во фактите и официјалната видео документација.
Лично го покануваме Фуркан Салиу да дојде во ФФМ и за овој случај, како што тоа го прави кога треба јавно да наметне став или теза во корист на Шкендија Арачиново и директно да се запознае со сите релевантни факти.
ФФМ нема намера да води јавни преписки и медиумски препукувања, ниту сака да биде доведена во позиција судски да ја докажува вистината. Сепак, доколку продолжат невистините и клеветничките наводи, ќе бидеме приморани да ги преземеме сите расположливи правни механизми за заштита на угледот и интегритетот на Федерацијата.
Сметаме дека е недостоинствено некој што се декларира како новинар да пласира непроверени и неточни информации со ваква тежина и последици.
Фудбалска федерација на Македонија
Ново на Сител
-

СП 2026: Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар
-

Аларм за воздухот во САД пред финалето на Мундијалот: Чадот од канадските пожари стигна до Њу Џерси и Њујорк
-

Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот
-

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница
-

41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
-

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата, а Ленче Ристоска ќе постапуваше доколку не поднесеше оставка
-

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати
