Коалициските партнери на средба во седиштето на СДСМ
Во седиштето на владејачката СДСМ во тек е средба со коалициските партнери на која се разговара за евентуално проширување на владината коалиција. во контекст на постигнување парламентарно мнозинство за уставни измени.
Разговорите ги води генералниот секретар на СДСМ Миле Зечивеќ, а меѓу присутните се и лидерите на НСДП, ДОМ и на Демократски сојуз, Горан Мисовски, Маја Морачанин и Павле Трајанов.
На средбата не присуствува премиерот Димитар Ковачевски, кој беше на седница на Советот за безбедност во Кабинетот на претседателот Стево Пендсаровски.
Пред состанокот претседателката на ДОМ Маја Морачаин изјави дека досега немале никаков разговор, ниту некои конкретни информации, освен ова што беше споделувано во медиумите.
-Сакам прво да ги слушнам информациите, што се планира, која е целта на евентуално зголемување на мнозинството, што тоа ќе значи и во однос на програмата и во однос на кадровските решенија, и се разбира она што е важно за ДОМ, ние сакаме да ги наметнеме прашањата и темите коишто се важни за нас да бидат реализирани, изјави Морачанин.
Лидерот на ДС, Павле Трајанов рече дека Влада, реконструкција на Влада ќе поддржат доколку се почитува амандман 6 од Уставот
– Ставот на ДС, и мојот став како претседател на партија е јасен. Влада, реконструкција на Влада ќе поддржиме доколку се почитува амандман 6 од Уставот. Тоа е соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта и во другите институции. Доколку се отстапува тоа начело, тогаш нема да поддржиме реконструкција на Владата, изјави Трајанов.
Претходно денеска дел од коалициските партии од власта за МИА потврдија дека премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во 20 часот во Клубот на пратеници ќе одржи средба со лидерите на коалициските партнери на СДСМ.
Ковачевски денеска порано во изјава за новинарите рече дека разговарал и оти и денеска ќе разговара со добар дел од коалициските партнери во однос на, како што вели, темите што се значајни за работењето на Владата, а се од интерес за граѓаните, како што е продолжувањето на европскиот пат на земјата.
Ново на Сител
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
-

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
-

Приведени шест возачи, управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“
-

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година
-

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице
-

10 возачи управувале возила без возачка дозвола, ќе им бидат поднесени кривични пријави
-

Зеленски ја потпиша одлуката за нови санкции против рускиот воено-индустриски комплекс
-

Мицкоски: Направивме храбар, историски чекор, очекувам администрацијата да ги подобри услугите кон граѓаните и бизнисот
