Свет
7. јуни 2016 - 8:55

ОН: Коалицијата предводена од Саудиска Арабија отстранета од „црната листа“

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ја отстрани коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, од „црната листа„ на силите кои грубо ги прекршуваат правата на децата. 

Овој чекор е направен по заедничкото преиспитување на ОН и коалицијата и силното спротиставување од страна на Саудиска Арабија, пренесува Танјуг. 

Во извештајот на ОН за децата и вооружените судири, што беше објавен во четвртокот, се наведува дека минатата година во Јемен се убиени или ранети 1.953 деца и дека коалицијата е одговорна за 60 отсто од случаите. 

Саудискиот амбасадор во ОН Абдула Муалими истакна дека оваа одлука е „безусловна и неповратна“. 

- По грешка сме ставени на таа листа. Знаеме дека оваа одлука е конечна, изјави Муалими.