-->
-->
Коалицијата, предводена од САД уби 24 цивили во Рака
-->

Во воздушни напади коалицијата предводена од САД убила најмалку 29 цивили во Рака, во северна Сирија.
Меѓу нив има девет жени и 14 деца. Нападите биле извршени за време на акции во изминатите 24 часа против Исламска држава, соопшти Сирискиот центар за човекови права.
Невладината организација, со седиште во Лондон наведува дека меѓу жртвите 14 цивили биле од исто семејство.
Бројот на загинати во нападите од понеделникот можно е да се зголеми со оглед на тешко повредените кои се во критична состојба.
Арапско-курдската алијанса со поддршка од САД настојува да ја протера ИД од Рака, главно упориште на таа екстремистичка група во Сирија. Досега презеле контрола над 45 отсто од тој град.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Регулативата создава доверба и предвидливост, а не само контрола
-

Обвинителството отвори предмет по закани кон новинарот Александар Видиновски
-

Маск го критикува шпанскиот премиер за планот за забрана на социјални медиуми на лица под 16 години
-

Обвинителството отвори предмет по наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Министерство за здравство: Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови
-

Клиперси го разменија Харден со Кливленд
-

Најмалку 35 загинати, речиси 400 повредени во снежни бури во Јапонија
-

13-годишно момче херој во Австралија: Пливал 4 часа за да го спаси своето семејство
