Коалиција за промени и правда: На кандидатските листи да нема осомничени лица

Коалицијата за промени и правда денеска упати јавен повик до сите политички партии кои ќе учествуваат на изборите на листите на кадидати за пратеници да не кандидираат обвинети и осомничени лица за кои се води истражна или предистражна постапка пред надлежните судови.
- Иако максимално го уважуваме начелото на презумпција на невиност, сепак сметаме дека на ваквите лица не треба да им се дава можност евентуално да се здобијат со пратенички имунитет со што би се оневозможила или би се успорила постапката која се води за нив, се вели во денешното соопштение од Коалицијата.
Најавија дека Kоалицијата за промени и правда планира своите листи на кандидати да ги објави на 9 ноември 2016 година.
Од Коалицијата забележуваат и на малиот одзив на гласачи од дијаспората и бараат да се сопре предвременото агитирање, кое, ккао што посочуваат е почнато особено во Австралија, иако кампањата не е почната. Тие бараат настрана од изборите да стои и Австралиско- македонска црковна епархијата и Нов Зеланд.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
