Клус: Наша стратешка цел е Македонија и Албанија што побрзо да станат членки на ЕУ
  Стратешка цел на Словачка е Македонија и Албанија што побрзо да станат членки на ЕУ и затоа Братислава е против раздвојување на преговарачкиот процес за двете земји и смета дека тие треба да ги почнат преговорите заедно, изјави денеска словачкиот заменик министер за надворешни работи Мартин Клус.
Стратешка цел на Словачка е Македонија и Албанија што побрзо да станат членки на ЕУ и затоа Братислава е против раздвојување на преговарачкиот процес за двете земји и смета дека тие треба да ги почнат преговорите заедно, изјави денеска словачкиот заменик министер за надворешни работи Мартин Клус.
– Така е полесно и за двете земји, а и за нас, бидејќи полесно ќе можеме да ги споделуваме искуствата, дури оние што ги има Словачка, што секако не се само позитивни. Ако двете земји ги започнат преговорите заеднички, ќе можеме побрзо да ги донесе и Македонија и Албанија во ЕУ. Тоа е стратешка цел на Словачка, истакна Клус на денешната промоција на словачката донација за Клиниката за детски болести.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со т.н. нон-пејпери што се појавија последниве недели, Клус рече дека можеби е подобро што не ги знаеме нивните автори, бидејќи тие документи носат опасна идеја за промена на границите во регионот.
– Секој обид да се разговара за духовите од историјата, дури и за промена на границите треба да се тргне од маса. Треба да се фокусираме на позитивната агенда и на процесот на проширување на ЕУ, а не на исторски, јазички или билатерални прашања. Словачка е поддржувач на процесот на проширување на ЕУ, бидејќи тој не е важан само за регионот, туку и за нас, додаде Клус
Ново на Сител
-   
           Во камион на Табановце откриени околу 130 килограми марихуана
-   
           Приведен возачот кој удри малолетничка на ул. „Перо Наков“ во Скопје и избега од местото на настанот
-   
           Денеска е Св. апостол и евангелист Лука
-   
           Цената на златото во октомври достигна историски рекорд од 4.380 долари за унца
-   
           Разговорите Трамп-Си завршија со примирје, а не со договор, со нови потенцијални ризици
-   
           Сиљановска-Давкова и Мисајловски на одбележување на „25-годишнината од усвојување на Резолуцијата на 1325 на ОН – Жени, мир и безбедност”
-   
           Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори
-   
           Раст на извозот на земјоделско-прехранбени производи од ЕУ во јули 2025




