Клубот на пратенички ќе одбележи 15 години од формирањето
Клубот на пратенички во Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одбележи 15-годишнината од формирањето.
Најавено е да се обратат претседателот, потпретседателката и генералниот секретар на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, Фросина Ташевска-Ременски, Цветанка Иванова, координаторката на Клубот на пратенички Ѓулумсер Касапи, постојаната координаторка на Обединетите нации во нашата држава Луиза Витон.
Обраќања ќе имаат и Даниела Димитриевска, директорка на Македонското женско лоби, една од основачките на Клубот на пратенички и поранешна претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Лилјана Поповска, Савка Тодоровска, претседателка на НСРР - СОЖМ...
На дискусијата „Зголемување на политичкото учество на жените“ ќе учествуваат пратеничките Соња Мираковска, Татјана Прентовиќ, Мирсаде Емини-Асани и Мерал Узеири Ферати.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава