Клубот на патувачи денеска го посети делчевскиот регион

Како дел од турите за алтернативен туризам, група од триесетина туристи, љубители на патувањата, денеска посетија неколку значајни туристички локалитети во делчевскиот регион.
Како што истакна Живко Јаневски од клубот на патувачи „Скопско туристичко лето“, целта на денешната посета на Делчево е откривање на нови дестинации кои можат да бидат ставени на туристичка мапа на Македонија.
-Овде сме втор пат. Минатата година посетивме повеќе локалитети, дел археолошки, дел природни убавини од каде очигледно е задоволството на нашите патувачи од она што го видоа. Морам да признаам дека постои огромен интерес за проширување на дестинацијата. Имате перспектива како град за туризам, можеби треба повеќе вложување, меѓутоа ентузијастички е сосем доволно, истакна Јаневски
Во рамки на посетата на делчевскиот регион, туристите го посетија локалниот музеј, планината Голак, езерото Сандански, тврдината Градиште како и манастирските комплекси Св.Илија и Св.Богородица Балаклија.
-Имавме пак посета од туристи од Скопје и тоа е добра работа за Делчево. Горди сме што туристите искажуваат задоволство од она што го видоа, истакна Ванчо Новоселски од ЕЛС Делчево, кој на посетителите им раскажа за постановките во делчевскиот музеј и неговото значење.
Следната активност за запознавање на природните убавини на делчевскиот регион ќе се реализира со две групи македонски туристи и гости од Бугарија.
Ново на Сител
-

Спасувачка акција во Вардар - се бара исчезнато лице
-

Рубио: Украина не би постоела без поддршката од САД
-

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време
-

28 сигнални пиштоли пронајдени при претрес на 63-годишен кумановец
-

Кај 25-годишник од струмичко пронајдена тегла и кеса со марихуана
-

Судењето за „Пулс“ продолжува со вкрстено испитување на вештакот на одбраната Русески
-

Во недела започнува зимското сметање на времето - Часовниците се враќаат еден час наназад
-

Андоновски од Сеул: Не смееме да дозволиме ВИ да ги дели државите на богати и сиромашни
