Клоп: Имаме проблеми, но во целина ќе биде возбудливо
Неколку дена пред првиот натпревар на Ливерпул по рестартирањето во Премиер лигата, менаџерот Јирген Клоп е свесен дека работите нема да бидат баш како пред пандемијата. Во недела, неговиот тим ќе игра градско дерби со Евертон на „Гудисон Парк“. На „црвените“ им требаат две победи за да триумфираат со титулата.
– Сите бевме многу возбудени за првите два натпревари во средата. Сите гледавме со интерес. Ние самите сме подготвени да се вратиме на теренот, но мора да бидеме подготвени дека ќе се соочиме со проблеми, затоа што сигурно ќе има проблеми. Отсекогаш било така, ова не е нешто ново. Во фудбалот, мора да имате план за тоа за да можете да се справите со пречката кога ќе се појави. Во целина, ќе биде возбудливо“, рече Клоп во интервјуто за официјалната веб-страница на клубот.
„Карамелите“ немаат ниту половина од бодовите на Ливерпул, рангирајќи се на 12. место. Сепак, германскиот менаџер на скоро идниот шампион предупреди дека ова не е гаранција за лесен натпревар.
– Кога го анализирате Евертон, погледнете го Наполи. Или погледнете една од другите претходни екипи на Карло Анчелоти. Тој сака неговите играчи да играат на специфичен начин, и бидејќи е доволно долго во Евертон, тој веројатно ги научил како да го сторат тоа. Против нас имаме противник, кој ќе игра фудбал. На нас зависи, во која мерка ќе му дозволиме да го стори тоа. Мора да бидеме упорни пред натпреварот, за време на него и после тоа, додаде Германецот.
Поранешниот тренер на Борусија (Дортмунд) смета дека е корисно што во последно време неговиот тим успеал да тренира мирно на самиот „Енфилд“.
Ново на Сител
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза