Клинтон: Трамп не е подготвен да биде претседател
Претендентот за кандидат на Демократската партија за претседателските избори во САД, Хилари Клинтон изјави дека Доналд Трамп нема квалитети да биде американски претседател, пишува весникот „Гардијан“.
- Само оваа недела тој успеа да ја отфрли Велика Британија, еден од најблиските сојизници на САД и го пофали севернокорејскиот диктатор, изјави Клинтон, означувајќи ги и двете изјави како „колосални грешки“.
Таа го спомена и неговиот предлог да им забрани на муслиманите да влегуваат во САД.
Според Клинтон, изјавите на веројатниот кандидат на Републиканската партија за претседател докажуваат дека тој ги нема квалитетите, кои се потребни за врховен командант на вооружените сили, кој ќе се бори против напади како што се терористичките, како оној, кој вчера доведе до пад на авионот „Иџипт ер“, додава весникот „Њујорк тајмс“.
Освен тоа таа се обрати и до нејзиниот опонент Барни Сандерс, кој се бори против неа за номинацијата на демократската кандидатура на изборите, изјавувајќи дека предноста што ја има во однос на него е ненадминлива.
„Њујорк тајмс“ додава дека поддржувачите на Сандерс сепак се се понегативно настроени кон кандидатурата на Клинтон.
Истражувањето на „Њујорк тајмс“ и Си-Ен-Ен покажува дека осум од секои десет избирачи на републиканците сепак сакаат партиското раководство да застане зад Трамп, дури и ако имаат несогласувања со него по одредени политички прашања.
- Со нападите врз Демократската партијам Барни Сандерс игра опасна игра, Но доколку продолжи тој ќе постигне само едно, Доланд Трамп ќе биде избран за претседател. Однесувањето на поддржувачите на Сандерс е сосема бесмислено и може да му помогне на Трамп да победи, пишува весникот „Вашингтон пост“
Ново на Сител
-
Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена
-
Костадинов бара заминување на раководството на СДСМ
-
Николоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи, Филипче да поднесе оставка
-
Во пет од десет скопски општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство во советот
-
Кривични за две лица од Крива Паланка, се заканувале на вработени во АХВ
-
Паднаа серверите на компаниите, апликациите и социјалните мрежи кои соработуваат со „Амазон“
-
Кикбоксерите од Балканското куп првенство во Белград донесоа 42 медали