Клинтон е подобна да биде претседател, според лекарски извештај
Кандидатката на Демократската партија за претседателските избори во САД, Хилари Клинтон објави денеска нови информации за својата здравствена состојба, со лекарскиот заклучок дека е здрава и подобна за извршување на претседателскиот мандат.
Клинтон закпренува од „благо и лесно“ воспаление на белите дробови, кое и беше дијагностицирано, откако и се слоши во неделата на комеморацијата за жртвите на терористичките напади извршени во САД на 11 септември 2001 година.
Поранешната државна секретарка (68) „и натаму е здрава и подобна да биде претседател на САД“, напиша нејзината лична лекарка Лиза Бардак во деталниот „преглед на нови информации“ на две страници за здравствената состојба на Клинтон.
Бардак ги објави лабораториските наоди на Клинтон, кои покажуваат нормални вредности на холестеролот, триглицеридите и другите клучни параметри.
- Останатите резултати од нејзиниот систематски преглед се во границата на нормалата и таа е во одлична ментална состојба, наведе лекарката.
Таа додаде дека крвниот притисок на Клинтон е релативно стабилен, а од воспалението на белите дробови добро закрепнува, со користење антибиотик и одмор.
Доналд Трамп во меѓувреме ги предаде резултатите од неговиот систематски преглед на лекар во телевизиска емисија. Неговиот предизборен штаб сепак засега нема да ја открие содржината на документот.
Трамп се појави во „Шоуто на доктор Оз“, во кое темата е „неговата целокупна благосостојба и медицинската историја на неговото семејство“. Кандидатот за претседател на Републиканската партија му врачи на Мехмед Оз една страница, која ги содржи резултатите од прегледот, извршен минатата недела од неговиот долгогодишен лекар. Емисијата ќе биде емитувана утре и тимот на Трамп засега одбива да ги објави резултатите од прегледот.
Ново на Сител
-
Скопјанец доби условна казна затвор за ширење омраза за коментари поврзани со Парадата на гордоста
-
Изминатите два дена 1452 сообраќајни прекршоци, 258 за брзо возење
-
Дачиќ: Нема потреба за вонредни избори; Брнабиќ: Студентите да му се обратат на Вучиќ
-
ЕУ повика на дијалог меѓу Индија и Пакистан
-
Израел се заканува дека ќе му го направи на Техеран она што му го направи на Хамас во Појасот Газа
-
Јермак: Украина и сојузниците разговараа како да извршат притисок врз Русија за 30-дневен прекин на огнот
-
Николоски: Арсовска целосно потфрли, ќе понудиме квалитетен кандидат за Скопје
-
Си Џинпинг пристигна во Кремљ на средба со рускиот колега Путин