Клиника за кардиологија: Опремата со која располагаме е на ниво на потребите
Универзитетската Клиниката за кардиологија реагираше на денешните обвинувања од СДСМ дека на оваа Клиника нема апарати за кислород и колички за транспорт на пациентите и оти не работат ЕКГ апаратите.
- Клиниката за кардиологија има апарати за кислород на одделите каде се хоспитализирани пациенти кои имаат потреба од соодветните апарати, а болничките соби располагаат со приклучоци за истите доколку има потреба. Со 7 (седум) седечки и 7 (седум) лежечки колички за транспорт на пациенти, Клиниката сосема ги задоволува потребите за прифаќање и транспорт на пациенти, а столчето кое се прикажува е за сосема друга намена, извадено од оставите на Клиниката како би се направило успешно сценарио за оцрнување на клиниката, се наведува во реакцијата.
Клиниката за кардиологија посочува дека хоспитализираните пациенти за сите испитувања надвор од клиниката се транспортираат со специјално возило, кое е сопственост на јавната установа со која клиниката има склучено договор.
- Јавно уште еднаш ќе посочиме дека на Клиниката ги има сите потребни медицински материјали и лекови и истите не се набавуваат од страна на пациентите. Времето на продажба директно на пациент одамна е минато свршено време кога Клиниката беше главен центар за продажба на стентови и тешки провизии кои завршуваа во приватни џепови. Долгите листи на чекање за интервентните процедури беа вториот извор на дополнителни приходи, се вели во реакцијата.
Од Клиниката за кардиологија истакнуваат дека и опремата со која располагаат е на ниво на потребите. - Ангиографи 3, ЕХО апарати 4, ЕХО колор доплер на каротиди и периферија 3, 12 ЕКГ апарати од кои само 3 се набавени во октомври 2016 година, е само дел од тоа со што располага Клиниката, додека Министерството за здравство во моментов има постапка за набавка на опрема за Клиниката и тоа: Ц-арм ренген апаратт, 4Д кардиолошки ултразвук, 2Д кардиолошки ултразвук подвижен, 3Д електроанатомски мапинг систем,ЕХО колор доплер, Ангиограф и систем холтери за ритам и притисок, се посочува во реакцијата.
Ново на Сител
-
Почина 54-годишен затвореник во КПУ Затвор Скопје
-
Почна кампањата за промоција на Националниот портал uslugi.gov.mk
-
Јаневска: Новата учебна година ќе ја започнат 245 илјади ученици со учебници за сите и подобрени инфраструктурни услови
-
Во руски напад оштетена електрана во близина на Одеса, без струја 29.000 корисници
-
Одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров
-
Си: Кина и Индија се партнери за соработка, а не соперници
-
Деветнаесетгодишно момче загина во минско поле во БиХ
-
Со новите владини мерки, од утре во Србија се очекуваат пониски цени за околу 20.000 производи