Балкан
14. April 2016 - 12:53

Клиентите во шок: Виктор допирал жени со својот полов орган додека ги масирал!

Суданецот Виктор А. (61) кој со години живее и работи во Загреб, бил пријавен за блудничење на една од неговите клиентки за време на масажа во септември 2014. година. Една млада жена дошла во неговата ординација на 15. септември околу 20 часот бидејќи имала болки во грбот, а таму доживеала голема непријатност.
 
Тој во Загреб бил познат како медицински масер.
 
Жената приметила дека неговите допири се премногу интимни, а во еден момент дури и го осетила неговиот полов огран на својот задник.
 
- Лежев на масата за масажа. на себе имав само гаќи. Во еден момент го почувствував неговиот полов огран. кога погледнав кон него, тој брзо ги крена пантолоните. Ми рече „ Извини, малку се занесов“, - изјавила жената.
 
Целиот настан таа му го раскажала на својот сопруг, кој ја убедил да го пријават случајот во полиција.
 
Меѓутоа, во текот на судскиот процес се појавила уште една жена како сведок,која исто така тврдела дека за време на масажата го осетила неговиот полов орган на своето тело.
 
Имам хернија која за време на работата ми се појавува во пределот на препоните - го уверувал Виктор А., судијата Марко Бенчиќ дека е болен.
 
Пресудата е следна, масерот од Загреб е осуден условно. Односно осум години условно за четири месици затвор.