Балкан
2. January 2023 - 9:58

Кличко: Во Kиев нема ниту струја ниту греење по нападите пет ноќи по ред

Клучната инфраструктура е оштетена во Киев по петдневни ноќни напади со руски беспилотни летала, кои предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење, изјави денеска градоначалникот Виталиј Кличко. Водоснабдувањето е зачувано рече Кличко.

Ноќеска повторно имаше напад со дронови на главниот украински град. Предупредувањето беше објавено во 1 часот по полноќ во понеделникот, а укинато е три часа подоцна, пренесува AFP. Руските сили напаѓаат со беспилотни летала Шахид-136 од иранско производство. Руските воени блогери објавија дека Полтава, Харков, Доњецк, Днепропетровск, Миколаев и Керсон биле цел на големата офанзива што руските сили ја започнаа во четвртокот.

Украинските власти во неделата известија за четворица загинати и 50 ранети во руските напади на новогодишната ноќ и нешто по полноќ, за кои Москва тврди дека цел биле фабрики за дронови. Воздухопловните сили на Украина во неделата соопштија дека собориле 45 беспилотни летала од иранско производство, лансирани од Русија на новогодишната ноќ, откако Новата година беше обележана со ракетни напади врз Киев.

Руската војска во неделата соопшти дека во нападите врз украинските градови, вклучително и Киев во саботата, биле насочени кон фабрики за производство на беспилотни летала за да се спречат планирани „терористички напади“.

„Плановите на режимот во Киев да изврши терористички напади врз Русија во блиска иднина се спречени“, изрази задоволство од Министерството. Москва често ги нарекува „тероризам“ операциите на украинската армија на руска територија или нападите врз нејзините објекти во Украина.

Руската војска соопшти дека ја продолжува својата офанзива во областа Донецк во источна Украина, каде што се концентрирани поголемиот дел од нејзините борбени сили. Врховниот штаб на украинските сили во неделата вечерта истакна дека „непријателот продолжува со нападите врз секторот Бахмут“, град во регионот што Русија се обидува да го освои повеќе од шест месеци со огромни човечки загуби и уништувања.