Клековски: За само една година направиме две промени во позитивната листа , го зголемивме и бројот на ин витро постапки од 3 на 6
Не почнавме од нула, туку од минус. 10 години во Македонија не беше обновена позитивната листа на лекови. 10 години од 2014-та година ниедна промена на позитивната листа, за една година ние успеавме да направиме две промени. Во првата промена девет генерички лекови, во последната два онколошки лекови кои од следниот понеделник ќе бидат достапни во аптеките, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и директор на ФЗОМ, Сашо Клековски на вечерашната трибина во Штип на тема „Реформи во здравството – Ги градиме темелите на промените“.
Клековски укажа и дека со поддршка на Владата издвоени се пет милијарди денари за иновативни лекови, што е за 70 проценти повеќе во однос на претходната година.
-Многу се фокусиравме на лековите, благодарејќи на поддршката на Владата одвоивме неверојатни пет милијарди денари за иновативни лекови, тоа е 70% повеќе од 2024-та година или двојно повеќе до 2023-та година. Тоа се многу повеќе пари, една милијарда повеќе за Онкологија, повеќе пари за Хематологија, Педијатрија. Ова не се само пари, ова се животи спасени и олеснети. Стабилно снабдување на Онкологија и Хематологија, сите пациенти на Неврологија со мултипла склероза опфатени. Луѓето на кои им треба хормон раст не чекаат веќе на тоа, и многу такви примери, вели Клековски.
Тој истакна дека бројот на ин витро постапки што го покрива ФЗОМ наместо три сега е зголемено на шест и исто така процесот за добивање известување за барателите на ин витро е дигитализиран.
-Зошто збориме за ин витро? Едно од 11 или 12 бебиња што се раѓаат во Македонија се зачнуваат со ин витро, сите говориме за демографија, за демографски политики но, мора да сфатиме дека ова не е само мала потреба на мал број луѓе, туку е една голема потреба на голем број луѓе бидејќи едно од 11 бебиња се зачнува со ин витро. Тоа што се направи со промена на законот за здравствено осигурување е само дел од работите што ги зачнавме, значи се зголеми бројот на ин витро што ги поддржува ФЗОМ од 3 на 6 поддржани ин витро, меѓутоа ние направивме уште повеќе, овозможивме сите тие 6 обиди да бидат без партиципација и многу поважно, го скративме периодот на чекање од 3 месеци на 2 недели. Во ФЗОМ секоја недела работи комисијата и ажурно се одобруваат, не треба ургенции, не треба врски, не треба јавување, сите што ги исполнуваат условите имаат шанса да добијат ин витро. Уште еден чекор понатаму обезбедивме дигитализација на добар дел од процесот и наместо како до сега што ваучерите ги испраќавме по пошта се губеа нека
Ново на Сител
-
Вучиќ изјави дека ќе бидат распишани вонредни избори, но не прецизираше датум
-
СЗО: Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна
-
Жител на тетовско осомничен за задоволување полови страсти на јавно место
-
Поради сообраќајка во прекин регионалниот пат Маврови Анови - Дебар
-
Кривична за четири лица за тешка кражба, нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура
-
Приведени две лица од Неготино, одзеле 30.000 евра од дом на брачен пар
-
Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа
-
76-годишна жена измамена за 20.000 евра - и кажале дека ќерка и била прегазена, биле потребни пари за операција