Македонија
21. April 2022 - 12:24

Клавирот се врати дома

Концертниот клавир Bösendorfer, донација од Трифун Костовски, кој се наоѓаше во битолскиот музеј е пренесен во концертната сала во реновираниот Офицерски дом во Битола. На овој начин, една од најакустичните концертни сали во регионот, повторно оживува и ја добива својата вистинска функција.

-Како што многумина битолчани рекоа, пијаното се враќа дома. Битолчани сметаат дека Офицерскиот дом е домот на ова пијано, кое на почетокот на 2001 Трифун Костовски го донираше за Општина Битола со цел да се користи за потребите на Фестиввалот на класична музика „Интерфест“. Ова е објект кој се поврзува со секој битолчанец, дел е од историјата на Битола и сакаме да биде дел од нашиот град, изјави ЛИЛИ БОШЕВСКА, ДИРЕКТОР НА КИЦ БИТОЛА.

Постапката на пренесување на клавирот тежок околу половина тон од едниот до другиот објект не беше едноставна. Клавирот со кран беше пренесен до Офицерски и внесен преку балконот, а беа ангажирани професионалци.

-Во самиот музеј слегувањето по слкали, со посебни колични, тоа не може да го направи секој, ја препуштивме довербата на компанијата и успешно го пренесовме. Самиот зафат, подигнување со кран, скалите се така изведени во Офицерски се кружни и самата димензија на клавирот не дозволуваше да се качи по скалите, изјави Бошевска.

Со овој чин, концертната сала при Офицерскиот дом во Битола прераснува во една од најекслузивните концертни сцени за класична музика во регионот и отвора нови можности за презентирање на музичката култура од земјава и странство, истакна Бошевска.