КЛ: Противници од Сан Марино, Белорусија и Црна Гора за Вардар, Работнички и Силекс
Трите македонски екипи кои избори настап во Конференциската лига – Вардар, Силекс и Работнички, ги дознаа противниците во воведното коло со жрепка која попладнево беше извлечена во седиштето на УЕФА во Нион.
Освојувачот на македонскиот Куп, Вардар, во 1. квалификациско коло за противник ќе го има претставникот од Сан Марино, Ла Фиорита.
Работнички, кој како и Вардар се враќа на европската сцена по пауза од седум години, на стартот од квалификациите ќе игра против белоруски Торпедо – Белаз, додека фудбалерите на Силекс за пласман во 2. квалификациско коло ќе треба да бидат поуспешни од црногорски Дечиќ.
Жрепката одлучи сите три македонски екипи првите натпревари да ги одиграат на гостински терен.
Воведното квалификациско во третото по ранг европско клупско натпреварување е на програмата на 10 и 17 јули.
Ново на Сител
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата