Ќерката на заменик министерката за здравство ќе продава струја на ЕСМ
Ќерката на заменик министерката за здравство Маја Манолева, Тина Манолева е директор на компанијата Соле 24, која редовно му продава големи количества струја на ЕСМ, објави Фактор.
Минатата недела, Тина Манолева, по професија електротехнички инжињер, стана нов управител на компанијата Соле 24, која доби лиценца за тргување со електрична енергија во 2021, па во 2022 прерасна во една од најголемите компании за продажба на струја на слободниот пазар.
Зад компанијата како сопственик стои албански државјанин.
Во последната година, оваа компанија редовно се јавува на повиците на ЕСМ за набавка на електрична енергија, кога произвотството не може да ги задоволи потребите.
Државните електрани знаат месечно да потрошат и по неколку милиони евра за купување електрична енергија од приватните снабдувачи, а Соле 24 постојано е еден од понудувачите на набавките.
Тина Манолева од пред некое време е сопственик и на фирма која треба да се бави со угостителство, односно кафе бар во ново отворениот трговски Дајмон Мол.
Партнери на ќерката и синот на Манолева се Бранкица и Катерина Тунџеви, ќерките на Борис Тунџев, долгогодишниот директор на Агенцијата за катастар на недвижности.
Ново на Сител
-
До крајот на денов сончево со мала до умерена локална облачност, среда и петок дожд
-
Изгоре товарно возило кај Струмица
-
Одбележување на Европскиот ден на органодонорството
-
Без вода корисниците од повеќе улици во Скопје
-
За една година САД потрошиле рекордни 17,9 милијарди долари за воена помош за Израел
-
Загина поранешен фудбалер во поплавите во БиХ, пронајден гушнат со сопругата
-
Леброн и Брони Џејмс за првпат излегоа на теренот во исто време на претсезонски натпревар во НБА
-
Опожарен контејнер во скопско Ѓорче Петров