Ќерката на Талат Џафери ќе врши надзор на парното греење на скопјани
АД ЕСМ ги регистрираше трите компании со кои ќе се пријави на владиниот оглас за превземање на парно-греењето на Скопје на местото на Балкан Енерџи Груп. Дејноста на сите три претријатија е снабдување со пареа и климатизација на адреса на управата на државните електрани, пишува Фактор мк.
За таа цел формирани се три субјекти – ЕСМ снабдување со топлина која ќе ги наплатува сметките, ЕСМ дистрибуција на топлина која ќе ја превземе топловодната мрежа и ЕСМ производство на топлина што ќе треба да пронајде начин како со набавка на природен гас ќе затоплува околу 60.000 скопски домаќинства.
Месуд Јакупи (ИТ администратор), шефот на изборниот штаб на ДУИ во Студеничани, доби шестмесечен мандат како директор на ЕСМ снабдување со топлина, а во надзорниот одбор членуваат битолчанецот Петар Петровски, ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери, Бесиана Џафери Беќири од Чаир и Зорица Гиовска од Гази Баба.
Во најважното претпријатие – ЕСМ производство на топлина за директор е назначен кичевчанецот Златко Пиперкоски, електроинженер кој лани беше разрешен од позицијата директор на РЕК Осломеј. Надзорниот одбор е составен од Соња Стефановска и Љубчо Кижевски од Скопје и Валбона Халили од Кичево.
За директор со мандат од шест месеци во ЕСМ дистрибуција на топлина е назначена Менка Јовановска од Битола како дипломиран машински инженер, а тројцата членови на Надзорниот одбор се Александра Маројевиќ, Џевит Ковачи и Билјана Николова, инаку сите од Скопје.
Ново на Сител
-
Пресуда за криминалната група од Грчец
-
Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко
-
Државниот Завод за Ревизија одржа конференција за финансиска отчетнос на изборите
-
Нуркањето привлечно за туристите
-
Екоактивисти во Струмица маршираа против загадувањето од депонијата Шапкар
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија