Живот
6. February 2019 - 19:22

Ќерката на познатиот актер умрела од дрога, а момчето ја снимало: Изјавил дека прави драма и не повикал помош

Луела Флечер-Мичи (24), ќерка на актерот Џон Мичи од "Холби Сити", е пронајдена мртва во шума на местото каде се одржува фестивалот "Бестивал" во Дорсет во 2017-та, а сега е откриено дека умирала откако земала дрога од мажот кој ја нарекувал "кралица на драмата".
 
Момчето на Луела, 29-годишниот Сион Бротон, не и помогнал бидејќи се плашел дека ќе ја прекрши условната казна затвор. Бротон претходно бил осуден на 24 недели затвор, еден месец пред смртта на Луела. Момчето демантирало дека е виновно за нејзината смрт и набавка на дрога. Обвинителот рекол дека Бротон на својата девојка и дал дрога "2CP", додека биле на музичкиот фестивал во замокот Лулворт во септември 201-та. 
 
"Тој не мислел ништо лошо, а Луела самоволно ја земала дрогата која и ја дал, но тоа имало ужасни последици", истакнал обвинителот.
 
Тој укажал на тоа дека Луела неколку пати му рекла на Бротон да се јави кај нејзината мајка, но тој и велел да го остави телефонот. Керол Флечер-Мичи на крајот разговарала со ќерката и се загрижила кога го слушнала нејзиниот глас. Нејзините родители се загрижиле до степен што отишле на фестивалот, а во текот на патот неколку пати му се јавиле на Бротон.
 
Сем, брат на починатата девојка, исто така му се јавил на Бротон и му рекол да побара медицинска помош. Меѓутоа, Бротон рекол да му се јават повторно за еден час и рекол дека Луела е "кралица на драмата".
 
"Неговиот неуспех да и пружи помош која би и го спасила животот потекнува од себичноста. Ако постапел како што треба, знаел дека тоа ќе го изложи на можност за апсење и кривично гонење", навел обвинителот, додавајќи дека неговото неделување било суштинска причина за смртта.
 
Адвокатот на Бротон, меѓутоа, рекол дека неговиот клиент се обидел да ја изнесе својата девојка од шумата, но дека не успеал поради лошиот терен полн со трње и коприви. Тој рекол дека Луела купила дрога пред Бротон да дојде на фестивалот и дека може да биде виновен само за небрежност. Исто така кажал и дека досега никој не умрел од "2CP".
 
"Сион и Луела биле заљубени и своеволно избрале да земат дрога заедно. Грешките, дури и сериозните, не се доволни за тој да се прогласи за виновен за ваков случај", истакнал адвокатот.
 
Тој истакнал дека парот често сакал да се снима додека консумира дрога.