Ќе ви се заврти во глава, еве колку пејачите земаат за Нова година
Дара Бубамара, Наташа Беквалац и Александра Пријовиќ ќе настапуваат во Белград, а нивните хонорари се од 15.000 до 25.000 евра.
Нешто поголеми хонорари ќе добијат Жељко Јоксимовиќ и Здравко Чолиќ. Така Жељко кој настапува на Плоштадот пред Стариот град во Будва, ќе си замине на 1. јануари побогат за 50.000 евра, а Чолиќ кој ќе пее во Нови Сад ќе добие 10.000 евра повеќе.
-Го сакам Нови Сад, ја сакам Војводина, и еве по 9 години повторно сум таму за да се дружиме на плоштадот, порача пејачот.
Сека Алексиќ првиот настап поради породувањето ќе го има во најлудата ноќ во Копаоник. Се шушка дека за него ќе добие 30.000 евра.
Настап за нова година во еден хотел во Будва ќе има и Емина Јаховиќ која за тоа ќе добие 20.000 евра.
Фолк ѕвездата Лепа Брена за Нова година ќе настапи во Чачак и за тоа побарала 15.000 евра. За нејзиниот концерт во Чачак деновиве многу се шпекулира откако група граѓани покренаа петиција, парите за настап на пејачката да се пренаменат за болни и сиромашни деца.
И покрај петицијата, градската власт одлучи да организира новогодишен концерт и покрај најавениот бојкот на некои жители на Чачак. За разлика од Чачак, градот Врање одлучи да не прави дочек на плоштадот, туку парите за тоа да ги дадат за лекување на болни деца.
Ново на Сител
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво
-
Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево
-
Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Виница
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Велипеток - најтешкиот ден во годината
-
Избори во САД 2024: Кои се мега-богатите донатори кои го поддржуваат Трамп?