Живот
13. јуни 2016 - 9:14

Ќе ве заболе срцето: Зошто аутистично девојче плаче врз роденденската торта?

Хели Соренсон, која е аутистична, ги покани своите соученици заедно да го прослават нејзиниот 18-ти роденден.

На овој голем ден за секој човек, Хели го доживеа најголемото разочарување од луѓето и наместо да слави, со наведната глава си се исплака над својата роденденска торта. Мајката го фотографираше тажниот момент.

А сега следува убавиот дел од приказната.

Братучетката на Хели, Ребека, ја постираше фотографијата на Фејсбук и ги замоли луѓето што ќе ја видат за една голема услуга. Откако ја раскажа приказната, на Хели почнаа да ѝ стигнуваат илјадници роденденски честитки и подароци од луѓето од целиот свет.