Македонија
25. November 2025 - 11:07

Ќе се врши обдукција за да се утврдат причините за смртта на тетовецот пронајден со прострелна рана

Од Јавното обвинителство се огласија за трагедијата во тетовско каде полиција пронашла безживотно тело на 42-годишен жител на Тетово, кој бил пријавен како исчезнат од својата сопруга. 

– Извршен е увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите поради сомненија дека смртта е резултат на кривично дело. Дадена е наредба за обдукција, наредба за подигање на возилото и други траги од лице место на кои ќе се врши вештачење, наредба за обезбедување на снимки од видео надзор, како и други докази, известија од ЈО. 

По наредбите се постапува, додаваат оттаму.