Ќе се востанови награда од публиката на МТФ „Војдан Чернодрински“

В година ќе биде востановена уште една награда на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Тоа ќе биде награда од публиката која ќе има можност да го даде својот глас за најдобрата претстава, најави Катарина Коцевска, селектор и уметнички директор на Фестивалот при синоќешното затворање на 53 МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
- Без публиката Фестивалот не може да биде она што е. А оваа фестивалска публика знае и препознава театарски чин, што е добро, а што не е добро одиграно. Затоа, најавувам дека в година, за 54-то фестивалско издание ќе се воведе - Награда од публиката. На сите влезници за претставите ќе има броеви и ќе може публиката да ги бодува. Имаме и потврда од прилепскиот градоначалник Илија Јованоски дека наградата од публиката ќе биде и парично валоризирана. Ова е зашто, драга публико, вашата оцена за претставите е ценета и се побрати на публиката Коцевска од сцената на Домот на културата „Марко Цепенков“.
Публиката со големи овации и аплаузи ги награди добитниците на наградите за најдобрите остварувања на годинашниов фестивал. Прилепскиот градоначалник Јованоски на ансамблот на најдобрата претстава во целина, претставата на прилепскиот театар „Клетници“ во режија на Мартин Кочовски му ја додели статуетката Војдан Чернодрински.
- Им честитам на сите наградени на Фестивалот. Изминативе осум дена уживавме во изборот на најдобрите претстави на театрите во Македонија. Нека така биде и догодина, рече Јованоски.
Менче Караџоска, директор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во чиј состав е прилепскиот театар нагласи дека наградата е на целиот ансамбл и е голем поттик.
- Наградата е признание на сите актери, а 40-ина беа дел од претставата, за успешната соработка со режисерот Кочовски зашто ова не им е прво вакво признание. Поттик е за уште поголеми театарски дострели на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, рече Караџоска.
Ангела Наумоска, добитник на наградата за главна женска улога во претставата „Клетници“ вели дека не сонувала да стигне до вакво високо признание.
- Се уште трае возбудата и неверувањето дека добив вакво високо признание од Фестивалот. Нека тоа биде ветар во моите творечки настојувања на театарската сцена, рече Наумоска.
За актерот Сашко Коцев наградата за најдобра главна машка улога во претставата „Ничија земја“ на МНТ доаѓа, вели во вистински час.
- Наградата доаѓа кога кај мене се појави сомнеж дали сум добар актер. Сега кога ја добив останав без текст, а ретко ми се слулува тоа. Конечно да видиме жири кое, велам за сите други добитници, непристрасно им ги додели наградите. Им честитам на сите, рече Коцев.
- Во чест на наградените Театар Комедија ја одигра претставата „Не сега драга во режија на Коле Ангеловски, со што заврши 53 МТФ „Војдан Чернодрински“.
Ново на Сител
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
-

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи
-

Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
-

Чупиќ: Јас сум виновен за поразот
-

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

САД ќе го пренесуваат во живо стрелањето на осуденикот Нидал Хасан
-

Нафтата поевтини по најавата на Трамп дека нема напад врз Иран пред изборите
-

Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања
