Ќе се реконструира хотелот „Европа“ во Отешево
Претставниците на компанијата „Глобал инвестмент фонд“ од Обединетите Арапски Емирати, која неодамна го купи хотелот „Европа“ во Отешево денеска го запознаа градоначалникот на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски со активностите околу реконструкцијата на овој туристички капацитет на брегот на Преспанското Езеро.
Ресенскиот градоначалник изрази задоволство од заинтересираноста на компанијата за инвестирање во туристичкиот сектор, како една од најзначајните стопански гранки во Преспа, како и од решавањето на еден од најгорливите проблеми на преспанскиот туризам.
- Големо е задовоството кај нас како локлана самоуправа што почнуваме со решавање на една од болните точки за преспанскиот туризам, а тоа се сместувачките капацитети во туристичката населба Отешево. Според најавите на инвеститорот догодина ова време ќе никне еден нов туристички капацитет на преспанското крајбрежје што ги исполнува сите услови за модерен туризам, изјави Стрезовски.
Менаџерот на емиратската компанија Абдулбари Салах истакна дека во Македонија ќе инвестираат во повеќе сектори во делот на енергетиката, гасификацијата и туризмот. Покрај во хотелот „Европа“ посочи дека се заинтересирани да инвестираат и во други туристички капацитети на преспанското крајбрежје.
Ново на Сител
-
44 општини добија градоначалник
-
ВМРО-ДПМНЕ: Историска победа на локални избори, СДСМ: Очекувавме повеќе, но не е лошо
-
За кандидатите на ДУИ и ВРЕДИ ќе се гласа повторно во Гостивар и Врапчиште
-
Оценка на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за првиот круг од локалните избори во Македонија
-
Интервјуирани кандидатите за судија во Стразбур
-
Политико: Влез во ЕУ но без можност за вето на новите земји членки
-
Македонците ќе го живеат европскиот стандард за 56 години
-
Преглед на вестите од светот