-->
-->
Ќе се осветли паркот пред Општинската зграда во Велес
-->
Пред зградата на Општина Велес денеска започнаа градежните работи за поставување осветлување во паркот, проект чија вредност е 200 илјади денари одвоени од локалниот буџет, информира на денешната прес-конференција градоначалникот Славчо Чадиев.
Проектот ќе се одвива во две фази, а според планот, во првата фаза ќе се постават осум светилки, а потоа уште шест.
- Градежните и работите на поставување на светилките треба да завршат за четири до пет дена, рече Чадиев.
Појасни дека поради веќе поставен систем за наводнување на тревата во паркот, работите внимателно се изведуваат, а ќе бидат поставени и клупи за граѓаните.
- Уредувањето на паркот е на барање на жителите од околните згради и останатите граѓани,а кои сакаат посебно во престојните летни денови да уживаат во прекрасниот парк и после затемнувањето по 20 часот.Затоа ние со овој проект тоа ќе им го овозможиме да престојуваат во паркот и во вечерните часови,потенцира Чадиев.
Тој меѓу другото информира дека некои од телевизките кабловски оператори веќе започнале со вкопување во земја на каблите низ велешките улици.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога