Ќе се носи закон за решавање на проблемот со лицата без документи

Од идната недела на Единствениот национален електронски регистар на прописи ЕНЕР ќе биде поставено предлог законско решение за надминување на проблемите на лицата кои живеат во земјава, но немаат документи. Со него треба да се обезбедат услови тие да можат да остварат социјални, здравствени и образовни права, но и во управна постапка да им биде решен проблемот со државјанство.
– Конечно сите институции седнаа на маса и дискутираат за законско решение како овие лица да ги добијат основните права. Прашањето за државјанство и конечно решавање на проблемот веројатно во управна постапка трае многу подолго отколку остварувањето на нивните права. Овој закон треба да го реши проблемот за остварување здравствени, социјални и образовни права на овие граѓани кои се евидентирани како лица без документи. Очекуваме наредната недела законот да биде објавен на ЕНЕР и до предлог текстот да имаат пристап пристап граѓани, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање по треинината за надминување на јзот во понуда и побарувачка на работна сила.
Зад овој закон, додаде Царовска, стојат и меѓународните организации и домашните граѓански организации и институциите. Сите коментари, додаде таа, се добредојдени за да се направи најдобро решение за овие граѓани конечно да можат да ги остварат своите права, но и да им биде решено прашањето со државјанство, затоа што, како што истакна, навистина е жално во 21 век да имаме во државата лица коишто никаде не се евидентирани.
Таа потсети дека минатата година беше објавен повик на кој што требаше да се јават и евидентираат сите лица кои ги нема во евиденцијата на државата и додаде дека за таа цел има отворен Регистар во Управата за водење на матична евиденција. Повикот, рече, потворно е реобјавен. За точна бројка и досега пријавени таа упати на Управата за водење на матични евиденции. Потсет дека невладините организации во изминатите години оперирале со бројка од 4 до 5 илјади вакви лица.
Ново на Сител
-

Миса во Католичката црква во Скопје за Божиќ
-

Тема нa денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-

Уставен ќе ги испитува коефициентите за плати на судиите и обвинителите
-

Се одложува пресметката на просечна потрошувачка кошничка зашто синдикатите и работодавачите не дале мислење
-

Бугарија понуди помош за снабдување со мазут, Владата ја одби
-

Собранието ги избра новите министри - Сали за евроитеграции, Хоџа за животна средина
-

Вратени иселенеци на форум во Влада - И Македонија може да биде „ветената земја“
-

Паркингот на Клинички стана сопственост на државата, а ќе го управува „Градски паркинг“ - Ќе се реши ли хаосот?
