Ќе се намалат цените во роаминг меѓу Македонија и Бугарија
Македонија и Бугарија денеска со меморандум ја официјализираа најавата за намалување на меѓународните тарифи за роаминг во телекомуникациските услуги.
Меморандумот го потпишаа македонскиот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и бугарскиот министер за транспорт и информатички технологии, Ивајло Московски, во тек на денешната заедничка седница на владите на двете држави што се одржа во Струмица, во присуство на премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов.
Документот овозможува регулаторните тела на двете држави да почнат процедура со која ќе ги поттикнат операторите да склучат договори за пониски цени при разговор, пораки и интернет во роаминг.
Цените на мобилните разговори меѓу Македонија и Бугарија, како што потенцираа во неколку наврати од ресорните министерства, се едни од највисоките во Европа. Сега за минута разговор во роаминг од Бугарија во Македонија се плаќа меѓу 90 и 210 денари и 750 денари за мегабајт интернет.
- Потпишувањето на меѓувладиниот меморандум е израз на политичката волја со што ќе испратиме јасна порака дека интеграцијата на Западен Балкан е од исклучителна важност за приклучување кон Европската унија, изјави министерот Московски. Тоа, дополни, ќе ги поттикне операторите да склучат меѓусебни договори за реално намалување на цените за разговор во роаминг и за користење интернет.
Македонија е првата држава од Западен Балкан со која Бугарија склучува меморандум за намалување на роамингот. Според најавите, во декември треба да биде потпишан таков договор и со Србија.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата