Ќе се избира нова компанија за делницата Дреново-Фариш
Владата подготвува тендерска документација за избор на нова компанија за изградба на втората делница од експресниот пат Прилеп-Градско.
Изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско се одвива во три фази, а ќе се избира нова компанија за втората делница, Дреново-Фариш, за што беше надлежна шпанска фирма која досега не доставила план за работа. ЕБРД, која го финансира проектот, одобри да се побара нов изведувач за втората фаза, Владата прави арбитража и се подготвува постапката за нов изведувач. Втората фаза опфаќа 65 насто од патот.
– Знаете дека договорот со фирмата што е склучен во 2016 година е раскинат. Веднаш се повикани луѓе за арбитража, но се подготвува тендерската документација за избор на нова компанија. Очекуваме во законскиот рок да завршат постапките и да се продолжи со работите каде е застанато. Ова, навистина, е една од најважните трансферзали која, буквално, ја преполовува нашата земја. Важна е за туризмот кон Охрид, важна е за Прилеп, за Битола, за Ресен и за цела Пелагонија, за сите градови и села во овој Регион, изјави премиерот Зоран Заев при денешната посета на Прилеп.
Во Буџетот, потенцираше, се определени средства за делницата и верувам дека наскоро ќе ја видиме механизацијата да работи на терен.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро