-->
-->
Ќе се гради нова градинка во Радишани
-->
Во општината Бутел денеска ќе биде поставен камен темелник за нова градинка во населбата Радишани.
Новата градинка треба да се изгради во дворот на старата градинка во оваа населба. Вкупната површина на новата градинка ќе изнесува околу 500 метри квадратни, со капацитет да прими 120 деца. Објектот ќе содржи пет занимални со санитарии за деца, кујна со магацин, санитарии и директен надворешен пристап, како и административна канцеларија со санитарии за воспитувачите.
Изведувач на градежните работи е „Мега Скоп“ од Скопје. Средствата во висина од 11.000.000 денари се обезбедени од буџетот на општина Бутел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат