Ќе се гради мостот на Брегалница кај Зрновци
Мостот на река Брегалница кај Зрновци кој настрада од поплавите во февруари минатата година и кој беше затворен за сообраќај за лесни и тешки моторни возила, конечно ќе се гради, најави денеска градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков.
-Заврши тендерската постапка за избор на најповолен понудувач за изведба на работите на мостот. Тоа е градежната компанија „Гранит“ од Скопје, која деновиве треба да започне со подготвителните работи за изградба на мостот. За почеток ќе треба да биде поставен понтонски мост на река Брегалница, преку кој ќе се остварува сообраќајот од општина Зрновци кон Кочани и останатиот дел од државата, рече Станков на денешната прес-конференција.
Вкупната вредност на мостот изнесува 1,2 милиони евра, средства обезебдени од УНДП и ИПА програмата на Европските фондови. Мостот на река Брегалница кај Зрновци се очекува да биде готов за една година.
Изградбата на мостот, истакна Станков, ќе занчи надминување на проблемите на стотита ученици и над 200 жители кои учат и работат во Кочани и соседните градови.
- Заобиколниот пат пртеку Виница конечно ќе се заборави, а жителите на Зрновци и останатите населени места Мородвис и Видовиште ќе можат непречено да стигнуваат до одредената цел, потенцира Станков.
Ново на Сител
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана