Ќе се гради канализација во Кривопаланечката населба Маневци
Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, најави дека ќе започне изградбата на фекална канализација во урбаниот дел на општината во населба Маневци. Средства се обезбедени од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а ќе биде изградена канализациска мрежа во должина од 1,5 километри.
- Оваа канализација ќе се гради во рамки на трите проекти за изградба на канализациска мрежа со ревизиони шахти и пречистителни станици со вкупна должина од 7,7 километри. Покрај во урбаниот дел од градот, на локалитетот покрај Дурачка Река во населба Маневци, каде ќе отпочнат градежните активности, се работи и во село Мождивњак, во должина од околу 5,5 километри и фекална канализација во село Длабочица со должина од околу 700 метри, каде работите се во напредна фаза, информира Алексовски.
Вкупната вредност на проектите е 18,5 милиони денари без ДДВ. Градоначалникот апелира жителите на овој реон од градот каде ќе минува трасата на мрежата да се воздржат од ситносопственички односи и да не ја попречуваат градбата.
- Апелирам жителите од овој дел покрај Дурачка Река кои имаат узурпирано општествено земјиште, без поговор да не спорат и да не прават проблем околу отстапување и да овозможат непречено одвивање на градбата на канализацијата со што ќе бидат создадени услови за по добро и урбано живеење, додаде Алексовски.
Тој истакна дека поради дотраеноста на патниот правец од Крива Паланка кон населбата Маневци постои можност врз трасата на канализацијата да се изгради пат кој ќе претставува т.н. „бајпас“ решение и ќе овозможи подобро и побезбедно сообраќање на овој дел од градот.
Ново на Сител
-
Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска
-
Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови
-
Трамп го коментира нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор