Ќе се електрифицира туристичката населба Равна Река, кај Пехчево
ЕВН Македонија и општината Пехчево ќе ја градат дистрибутивната мрежа во викенд населбата Равна Река. ЕВН Македонија ќе инвестира над 600.000 евра, а општината ќе ја изготви сета потребна документација и дозволи за изградба на проектот.
Над 300 корисници, неколку хотелски објекти и пет мали хидроелектрични централи ќе бидат приклучени на новата дистрибутивна мрежа. Со проектот се предвидува поставување на 13 км кабловска среднонапонска 10/20 кВ мрежа, а ќе се изградат четири нови трафостаници и пет километри нисконапонска мрежа.
- ЕВН Македонија се вклучи во овој проект затоа што тој е од големо значење за развојот на регионот и е во интерес на нашите корисници, рече Игор Гиевски, член на Управниот одбор на ЕВН Македонија.
Задоволство од стартот на проектот изрази и градоначаникот на општина Пехчево, Игор Поповски.
- По долго планирање направивме еден голем проект кој ќе биде многу значаен за развојот на туризмот во Пехчево, за развојот на туристичката населба Равна Река и на сите делови кои гравитираат кон оваа населба, изјави градоначалникот Поповски.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството