Македонија
10. July 2015 - 13:42

Ќе се електрифицира туристичката населба Равна Река, кај Пехчево

ЕВН Македонија и општината Пехчево ќе ја градат дистрибутивната мрежа во викенд населбата Равна Река. ЕВН Македонија ќе инвестира над 600.000 евра, а општината ќе ја  изготви сета потребна документација и дозволи за изградба на проектот.

Над 300 корисници, неколку хотелски објекти и пет мали хидроелектрични централи ќе бидат приклучени на новата дистрибутивна мрежа. Со проектот се предвидува поставување на 13 км кабловска среднонапонска 10/20 кВ мрежа, а ќе се изградат четири нови трафостаници и пет километри нисконапонска мрежа.

- ЕВН Македонија се вклучи во овој проект затоа што тој е од големо значење  за развојот на  регионот и е во интерес на нашите корисници, рече Игор Гиевски, член на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Задоволство од стартот на проектот изрази и градоначаникот на општина Пехчево, Игор Поповски. 

- По долго планирање направивме еден голем проект кој ќе биде многу значаен за развојот на туризмот во Пехчево, за развојот на туристичката населба Равна Река и на сите делови кои гравитираат кон оваа населба, изјави градоначалникот Поповски.