Ќе продолжи исплатата на условниот социјален надоместок за средношколци

Ќе има продолжување на Програмата за условен социјален надоместок, најави премиерот Никола Груевски при денешната посета на реканско-дебарскиот крај.
Одговарајќи на новинарско прашање, Груевски рече дека одлуката за продолжување е донесена бидејќи е оценето оти ефектите од оваа Програма се многу позитивни и потсети дека неодамна е донесена и одлука за зголемување од 10 проценти на социјалната помош.
- Од друга страна, сите семејства кои се приматели на социјална помош, а имаат деца кои одат во средно училиште, ќе добиваат дополнителни 12.000 денари со цел да им се помогне за трошоците кои ги има детето и да се охрабри детето да оди на училиште, изјави Груевски.
Тој појасни дека единствениот услов кој треба да се исполни за да се добие овој паричен надоместок е детето редовно да оди на училиште.
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
