Ќе поскапи ли парното греење?

Според информациите на Сител БЕГ бара покачување. Причина за тоа се исклучените од парно, околу 10 илјади домаќинства кои од крајот на март лани не плаќаат паушал. Од Регулторна пак тврдат се прават напори цената да остане иста. Новата цена ќе се знае до крајот на неделава. Регулаторна се уште ги разгледува зсбелешките од БЕГ.
„Се анализраат забелешките на компаниите и ги соочуваме аргументите - од една страна е притисокот на цената што го прават исклучените од парно околу 10 илјади домаќинства на број кои од крајот на март минатата година не плаќаат ни денар за топлинската енергија и нашата заложба да се заштитат потрошувачите во оваа комплексна состојба на корона криза со здравствено-економски последици.“
„Уверуваме дека нема да се одрази негативно ослободувањето на исклучените од парно, и нивните сметки нема да се зголемат поради овој притисок“, велат за Сител од Регулаторната комисија.
Градско парно користат над 50 000 домаќинства.
Повеќе информации во вестите во 16 часот.
Ирена Чачкова
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
