Ќе поевтинат горивата, драстичен пад на нафтата
Цената на нафта на светските берзи денеска падна на под 31 долари за барел, како последица на презаситеност на пазарот, јакнење на доларот и намалување на побарувачката.
Американската „лесна“ нафта за испорака во февруари на утринава на електронското тргување на Берзата во Њујорк поевтини за 87 центи или 2,77 отсто, на 30,54 долари за барел.
Во исто време на Берзата во Лондон, референтанта цена на северноморската нафта од типот „брент“ се намали за 98 центи, односно 3,11 проценти, на 30,57 долари за барел.
Последен пат цената на американската нафтата беше толку ниска во декември 2013 година, кога изнесуваше 29,66 долари за барел, додека „брент“ на ова ниво беше во април 2004 година, кога чинеше 29,95 долари за барел.
Цената на „црното злато“ падна за 10 отсто минатата недела, поради зголемената загриженост на инвеститорите од презаситеноста од глобалната понуда и слабоста на клучниот пазар, Кина, кој е најголем светски потрошувач на енергенси.
Ново на Сител
-
Трамп: Доаѓа златна доба за САД
-
Се подготвува нов Закон за судска служба
-
Фетаи: Јавната администрација е пренатрупана
-
Општина Охрид ќе награди пожарникари кои се бореа со пожарите
-
Прилеп конечно после години доби проект за нов театар
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер