-->
-->
Ќе нема независни листи на пратеници на парламентарните избори
-->
На полноќ истече рокот за собирање потписи за независните листи и според податоците од Државната изборна комисија на претстојните парламентарни избори ќе нема ниту една независна листа на пратеници, бидејќи не е исполнет условот за илјада потписи.
ДИК информира дека ниту од шестмина независни носители кои се пријавија до истекот на рокот, ниту еден не собрал повеќе од 553 граѓански потписи од потребните илјада.
Најмногу потписи, 553, собра листата на група избирачи предводена од Горан Тасковски, во Изборната единица 5.
Другите носители на независни листи беа Емилија Гелева, Игор Цветковски, Зоран Мијалков, Петар Котевски и Исмаил Бојда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина
-
Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед
-
Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
-
Истрага за двојното убиство во Кратово
-
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам
-
Скопјанец осомничен за разбојништво во банка