Ќе направиме се, колку што е можно порано да се изнајде решение за разликите со Бугарија, порача Заев
Европската Унија го смета како билатерално прашањето за добрососедските односи со Бугарија, но тоа не значи дека не треба да направиме напори да го решиме. Во континуитет ќе правиме се, колку што е можно порано да се изнајде решение за ова прашање, истакна денеска премиерот Зоран Заев.
-Договорите со Грција и Бугарија не се само буква на хартија, тие се имплементираат во сите свои аспекти. Драго ми е што Бугарија многу често напоменува дека останува континуиран поддржувач за нашето челество во Европската Унија. Верувам дека согласно европските вредности и принципи постои решение за се. Фокусирани сме да се изнајде решение кое ќе создаде убава атмосфера за одржувањето на првата меѓувладина конференција до крајот на годинава, рече премиерот Заев во одговор на прашање на прес-конференцијата во Владата по онлајн состаноците со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, потпретседателот на ЕК Жозеф Борел, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј и претседателот на ЕП Дејвид Сасоли.
Решението, потенцира, треба да се најде до првата меѓувладина конференција, поточно до 10 ноември.
Сепак, не ја отстрани можноста за неодржување на меѓувладината конференција поради евентуалното бугарско вето, но додаде дека верува оти бугарскиот народ, премиер и претседател ќе дадат поддршка за отпочнувањето на преговорите со ЕУ.
-Се обидуваме да бидеме разумни да не подгреваме непријатности во јавноста. Се обидуваме да најдеме начин да ги решиме работите и тоа и го работиме и верувам дека можат да се изнајдат решенија, особено што и низ поглавјата постојат можности да застане процесот доколку некоја од земјите-членки не е задоволна како се случуваат реформите или како се решаваат билатералните прашања. Верувам дека не е во интерес на никого да се попречи европскиот пат. Ние како Македонци никогаш тоа не би му го направиле на нашиот сосед и на нашите браќа и пријатели Бугари. Затоа верувам дека и тие нема да го направат тоа, рече Заев.
Нагласи дека секогаш е подобро предвреме да се решат работите, а не да се оставаат за понатаму иако, како што кажа, може да се остави за решавање во понатамошниот период делот кој не бил решен во моментов.
-Верувам дека поглавјата кои ќе бидат отворени за Република Македонија ќе значат решавање на сите пречки кои постојат помеѓу нас. Секогаш гледам од позитивната страна на медалјата и верувам дека двете страни ќе смогнеме доволна европска капацитетна вредност за да можеме да ги решиме проблемите зашто суштината е во пријателството. Имаме веќе постигнато договор и забелешка беше дека комисијата не работи доволно добро иако има одржано 10 средби за 20 месеци и со заклучоци има решено пет историски личности и три историски периоди и сега разговара за наредните периоди. Веќе е закажана и уште една средба што треба да се одржи до крајот на годинава и најмалку пет во 2021 година. Тоа е решението низ кое треба да ги решаваме отворените прашања како што е зацртано во договорот, рече Заев.
Ново на Сител
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци