ОН ќе ја одбележат годишнината од руската инвазија врз Украина
Во пресрет на првата годишнина од руската инвазија, Украина и Русија лобираат меѓу земјите во ОН за поддршка пред гласањето на Генералното собрание од 193 члена, за кое САД рекоа дека „ќе влезе во историјата“.
Генералното собрание се очекува денеска да усвои резолуција предложена од Украина и нејзините поддржувачи, во која се нагласува „потребата да се постигне што поскоро сеопфатен, праведен и траен мир“ во согласност со Повелбата на ОН.
„Ќе видиме каков е ставот на народите во светот по прашањето за мирот во Украина“, изјави на Генералното собрание американската амбасадорка во ОН Линда Томас-Гринфилд.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја осуди руската инвазија и нагласи: „Сите членки на организацијата ќе се воздржат во нивните меѓународни односи од закана со сила или употреба на сила против територијалниот интегритет или политичка независност на која било држава или на кој било друг начин некомпатибилен со целите на Обединетите нации“.
Нацрт-резолуцијата на ОН, што е необврзувачка, но има политичка тежина, го повторува минатогодишното барање на Генералното собрание Москва да ги повлече своите трупи и да ги прекине непријателствата. Русија го оквалификува текстот како „неизбалансиран и антируски“ и ги повика државите да гласаат против него.
Ново на Сител
-
Храна што е штетна при доењето, ако се внесува прекумерно
-
Талибанците им наредиле на невладините организации во Авганистан да престанат да вработуваат жени
-
Владата во Софија ќе разговара за нацрт договорот со Скопје за трансграничен проект
-
Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад
-
Рајндерс останува во Милан до 2029 година
-
Тројца странци загинаа во пожар во хотел во популарна туристичка област во Бангкок
-
Владата на Јужна Кореја нареди безбедносна проверка на сите авиони Боинг 737-800
-
Кривична за 13 лица за криумчарење луксузни возила, меѓу нив и вработени во МВР