-->
-->
Ќе игра ли Роналдо во Италија ?!
-->
На Јувентус му е потребна ѕвезда од калибарот на Роналдо за да конечно ја освои Лигата на шампионите пишува шпанскиот весник Марка кој објави и насловна страна со напис дека CR7 се сели на Апенините.
Според овој извор, иако откупната клаузула за Роналдо изнесува 900 милиони евра, во Јувентус биле сигурни дека ќе го добијат Португалецот за многу помала сума. Во Торино биле подготвени да му понудат четири годишен договор вреден 120 милиони евра.
Роналдо има договор со Реал кој истекува во 2021 година, а изминатите неколку месеци најмногу се шпекулира дека би можел да се пресели во ПСЖ.
Од друга страна челниците на „старата дама“ веруваат дека со Кристијано Роналдо конечно ќе ја освојат титулата во Лигата на шампионите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поведена постапка против едно лице за сообраќајна несреќа во Марино
-
Побаран краткотраен притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево
-
Дејан Митровски - Урко избран за член на Одборот на директори на ВАКО Европа
-
ИЈЗ: Нема отстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на радијација во воздухот
-
Познати противниците на нашите натпреварувачи на Европското јуниорско кикбокс првенство
-
Мицкоски: За пожарот во Трубарево приведени четири лица, истрагата е во тек, преземени се сите мерки
-
Мицкоски: Центри на моќ во и надвор од земјава стојат позади случувањата, пожари ќе има и во идниов период
-
Кај маж и жена од Гостивар пронајдени 37 пакувања со марихуана