Ќе гориш во пеколот: На пејачката што јавно изјави дека ќе премине во православие и се закануваат со смрт
Едита Арадиновиќ, една од членовите на групата Министерки, околу една година е во врска со студентот Огнен, а минатата недела се нашла на мета на јавноста кога изјавила дека со него би се венчала во православна црква, пишува Ало.рс.Пејачката, заради таа изјава пред својот настап во Сараево пред неколку дена добила заканувачки пораки.
– И пишуваа преку СМС и преку социјалните мрежи дека ќе гори во пеколот ако го издаде Исламот, дека не е вистинска верничка, туку проститутка и да се пази кога ќе оди во Босна. Навистина страшно да се чита, изјавил извор близок до пејачката.
Дека добивала смртни закани, потврдила и самата пејачка.
– Ми стигнуваа разни пораки по мојата изјава кога предизвика бура од реакции. Тоа е чувствителна тема на која народот во Босна секогаш агресивно реагира. Мене сепак не ми е срам да зборувам за тоа и сакам целата таа приказна што побрзо да заврши, изјавила Едита.
Таа додала дека луѓето не ги дели по вера или раса.
– Ја почитувам секоја вера и не ми е важно каква боја на кожата има некој. Важно е дали е добар човек. Какви би биле ние луѓе кога би размислувале така, додала таа.
Продадена силиконка, Ќе гориш во пеколот, биле само дел од коментарите на социјалните мрежи кои и биле упатени на пејачката.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска